Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиУкраина ја намалува есенската сеидба за 30 отсто

    Украина ја намалува есенската сеидба за 30 отсто

    petel baner

    Украинските земјоделци најверојатно ќе ја намалат есенската сеидба за 30 отсто. Ова доаѓа поради зголемувањето на цените на семињата и горивото, во комбинација со ниските продажни цени на нивните житарки, објави Украинската асоцијација на фармери (УАЦ).

    Украина веќе ја започна есенската сеидба. Министерството за земјоделство минатиот месец посочи дека очекува есенската сеидба да се намали на 3,8 милиони хектари, од 4,6 милиони лани.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Украина засади повеќе од шест милиони хектари пченица за жетвата во 2022 година. Но, голем дел од обработливото земјиште е под контрола на руските сили од февруари. Останаа околу 4,6 милиони да се соберат на територијата под контрола на Украина, објави Ројтерс.

    – Главните причини кои ги натераа земјоделците да ги намалат обработливите површини се високите цени на ѓубривата. Потоа проблемите со продажбата на житарките, како и прениските продажни цени на нивните производи – наведоа УАЦ.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Украинскиот извоз на жито е намален од почетокот на конфликтот со Русија поради затворањето на пристаништата на Црното Море.

    Три пристаништа на Црното Море беа деблокирани за извоз на крајот на јули, како дел од договорот меѓу Москва и Киев, а со посредство на Обединетите нации и Турција.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img