Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-4.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиЗошто е важно да се користи еколошка храна

    Зошто е важно да се користи еколошка храна

    petel baner

    Еколошка храна се произведува на строго контролиран начин со цел да се заштити здравјето на луѓето и животната средина.

    Еколошка храна се одгледува на незагадена почва и е произведена со методи кои не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа. 

    Еко сертификатите, единствена гаранција на квалитет

    Стриктна контрола на квалитетот и валидна еко потврда истакната на производот се единствена гаранција за вистински природен и хемиски нетретиран производ. Во еколошкиот производен процес е строго забрането користењето на ГМ технологија, хемикалии, хербициди, пестициди, како и минерални ѓубрива. Сите суровини поминуваат строги контроли на квалитет. Не само на органското производство, туку и на технологијата на производство, сѐ до пакувањето и транспортот.

    Otkup na kompiri
    Рафинирањето и процесирањето на храната ги уништува хранливите состојки

    Важно е да се одбираат целовити намирници во изворниот и природен облик затоа што единствено таквите имаат максимално зачувани нутритивни својства. Како природна последица, целовитата и хемиски нетретирана храна е со автентичен и полн вкус и мирис.

    Што е целовита житарка?

    Зрното на интегралната (целовита) житарка (или во некои случаи мешунките) не е во целост здробено, туку е иситнето на помали или поголеми парчиња. Тоа значи и дека е делумно зачувана обвивката која содржи влакна со одредени витамини и минерали.

    Еколошката храна е поздрава од конвенционалната

    Неколку релевантни студии со компаративна анализа докажале дека еко овошјето и зеленчукот во споредба со конвенционалните содржи:

    28 проценти повеќе витамин Ц

    18 проценти повеќе релативна содржина на белковини

    19 проценти повеќе јаглени хидрати

    18 проценти повеќе калиум

    10 проценти повеќе калциум

    13 проценти повеќе фосфор

    77 проценти повеќе железо

    agrounik

    Докажано е дека конвенционално одгледаните намирници содржат поголеми количини пестициди. Па како најзагадени ги издвоиле: јаболките, целерот, пиперките, праските, нектарините, спанаќот, салатата, краставиците…

    Дали е доволно да се измие и да се излупи лушпата? За жал, не е, затоа што отровните состојки продираат длабоко во ткивото на плодот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Потрошувачите кои се свесни за врската помеѓу исхраната и здравствената состојба на човекот, се подготвени да купат здрави производи и, секако, да платат повисока цена.

    За потрошувачот, купувањето органски производи, исто така, овозможува активен придонес во заштитата на животната средина.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img