Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваВидови мед и нивните лековити својства

    Видови мед и нивните лековити својства

    petel baner

    Постојат многу видови мед и секој од нив е карактеристичен и лековит на свој начин.

    Вечната дилема на купувачите е дали медот е природен и кој вид мед е најдобар.

    Познавачите велат дека било кои видови на природен мед се добри, а секој од нив поседува уникатни особини кои делуваат против одредени заболувања.

    Otkup na kompiri

    Во продолжение прочитајте кои видови мед постојат и кои се нивните лековити својства.

    ЛИПОВ МЕД

    Липовиот мед е со бистра, речиси проѕирна боја и има слаткаст вкус. Ги олеснува дишните тегоби и се препорачув кај настинка и грип. Поттикнува потење, делува поволно на варењето, ублажува грчеви и ги смирува болките. Корисен е кај проблеми со бубрезите, бидејќи го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот. Липовиот мед не смеат да го консумираат срцевите болни. Посебна препорака: ако боледувате од астма, изедете полна лажичка нарендан рен со липов мед.

    ЦВЕТЕН МЕД

    Цветниот или ливадски мед се добива од разни видови цвеќиња, во зависност од поднебјето. Има благ и ароматичен вкус. Поради својот посебен состав се препорачува за подигање на имунитетот и за закрепнување по болест, како и кај сезонски алергии и алергиски астми. Кај алергиска астма се препорачува да се зема светен мед од вашата околина, бидејќи тој содржи полен од сите видови цвеќиња, кој ги предизвикува потенцијалните алергии.

    Земајте по една лажица мед дневно, во текот на целата година, за закрепнување на организмот и борење со алергиите.

    БАГРЕМОВ МЕД

    Багремовиот мед се карактеризира со изразито светложолта боја и со благ вкус. Овој вид мед им одговара на повеќето луѓе, бидејќи неговата арома буквално не се чувствува во напитоците. Одличен избор е за малите деца (уште од првата година од животот) и за оние кои закрепнуваат по некоја болест.

    Се корити и кај проблеми на кардиоваскуларниот систем и запекот. Поради седативниот ефект помага при несоница, нервоза и напнатост. За смирување пред спиење напијте се по една шолја чај од маточина со една лажичка мед од багрем. На пушачите им се препорачува веднаш по будењето да земаат по една лажичка мед од багрем.

    МЕД ОД ХЕЉДА

    Медот од хељда има најтемна боја и силен вкус. Богат е со минерали и антиоксиданси, поради што спаѓа во најздравите видови мед. Им се препорачува на слабокрвните и како исклучителна помош при кашлица. За олеснување каплица кај деца се зема една мала лажичка мед пред спиење.

    МЕД ОД ЖАЛФИЈА

    Медот од жалфија најчесто е со светложолта боја или зеленикава боја и има благо – горчлив вкус. Делува релаксирачки и го подига расположението. Одличне додаток е во лековите за гихт. Одличен е во лекување на респираторниот систем, посебно на кашлица, и во јакнење на имунитетот.

    КОСТЕНОВ МЕД

    Костеновиот мед има специфична црвено – кафеава боја. Има тежок вкус и на многумина не им одговара. Поради ова силно антибиотско делување еден е од најлековитите видови мед. Се користи речиси кај сите болести и воспаленија.

    Делува кај чир на желудникот, жолтица, бактерии во мокрачниот систем, слаба циркулација и ослабен срцев мускул. Му помага на системот за варење. Голема лажица костенов мед пред спиење помага против запек. Многумина го користат и за орална хигиена – подобро ги чисти забите од забна паста.

    На пушачите, во чиј организам се таложат илјадници токсини и кои често имаат проблем со кашлицата, се препорачува да земаат наутро на гладно по една голема лажица костенов мед.

    ПЛАНИНСКИ МЕД

    Планинскиот мед е исклучително ценет и лековит вид на мед. Се добива од незагадени планински растенија, па поради овој свој состав е многу баран. Има силно антимикробно делување, дури и кога е разреден во сразмер од 1:150.

    Користете го за јакнење на имунитетот, проблеми со дишењето – излечете кашлица, воспаление на грлото и синусите. Во народната медицина, планинскиот мед се користел и за дезинфекција на кожните воспаленија и рани. Помага при лекување на гинеколошките тегоби и воспаленија предизвикани од вируси и бактерии.

    Земајте лажичка од овој мед, еднаш дневно. За јакнење на оргаизмот, најмалку половина час пред појадок, напијте се чаша топло млеко засладено со планински мед.

    МЕД ОД ЛАВАНДА

    Медот од лаванда има интензивен мирис и вкус, а може да биде со потемна и посветла боја. Меѓу најлековитите видови мед е со силно делување – го овозможува искористувањето на калциумот и железо од храната. Посебно им се препорачува на трудниците и на сите кои имаа недостиг на калциум во организмот, при проблеми со забите и коските, остеопороза, повишен крвен притисок и алергии на сончева светлина.

    Делува лековито на варењето, ги чисти белите дробови и смирува кашлица. На оние кои се склони на алергии од полен, им се советува секојдневно да земаат мед од лаванда.

    ГЛОГОВ МЕД

    Глоговиот мед има кафеава боја и силен вкус. Им се препорачува на оние кои се срцеви болни, бидејќи го регулира крвниот притисок, помага кај артериосклероза, ангина пекторис, оштетен срцев мускул и воспаление на срцевиот мускул. Се користи и за смирување. За намалување на холестеролот се прави паста од глогов мед и цејлонски цимет во прав. Намачкајте ја на парче леб и јадете ја редовно секој појадок.

    СОНЧОГЛЕДОВ МЕД

    Сончогледовиот мед има специфична жолта боја, вкус и мирис. Припаѓа во поценетите видови мед, но брзо се кристализира. Се користи при тегоби поврзани со дишните патишта воспаление на грлото и синусите) и ефикасно делува кај тегоби со варењето, дишни тегоби и бубрежни заболувања.

    Природно средство е за лекување на сите видови воспаленија. Го забрзува зараснувањето на раните. Се препорачува на срцеви болни и постари луѓе на кои им е потребен одмор и дополнителна енергија, како и на децата во развој.

    agrounik
    МЕД ОД ГЛУВАРЧЕ

    Медот од глуварче има поинтензивна жолта боја и вкус и брзо кристализира. Ги ублажува последиците од болестите на црниот дроб (цироза, холециститис, колелитијаза) и желудочни болести. Помага кај гастритис, колитис и запек. За лекување на овие тегоби, една лажица мед од глуварче се разредува во чаша минерална вода.

    МЕД ОД РУЗМАРИН

    Медот од рузмарин има светложолта боја и нагласен вкус. Делува поволно кај болести на крвните садови, бидејќи го подобрува крвотокот. Природно средство е за подобрување на функцијата на црниот дроб и подобро лачење на жолчката. Сојузник е на организмот при слабо варење, реума, гихт и висок крвен притисок.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    МАНУКА МЕД

    Манука медот се добива од цветовите на зимзеленото дрво Манука, кое расте само во Нов Зеланд. Се смета за нејлековит мед во светот. Има стабилни, моќни и единствени антибактериски својства, кои ги нема во ниту еден друг вид мед.

    Помага и кај најотпорните бактерии, како МРСА, за што сведочат бројни корисници ширум светот, a кои благодарение на манука медот се спасиле од ампутација на екстремитетите. Делува одлично врз цела низа болести, а посебно е корисен кај слаб имунитет. Кај акутно воспаление се препорачува да се зема по една лажица манука мед на секој час.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img