домаАгро ВестиСАД ја одобри употребата на генетски модифициран виолетов домат

САД ја одобри употребата на генетски модифициран виолетов домат

Prokredit baner

После една деценија работа на развојот на оваа иновација, генетски модифицираниот виолетов домат беше одобрен за одгледување и консумирање во САД од страна на тамошното Министерство за земјоделство.

Овој виолетов домат, како што тврдат луѓето кои го создадоа, ќе содржи 10 пати повеќе антиоксиданси отколку сите други видови домати.

Тигар лого гиф

Првата студија за оваа иновација беше објавена во 2008 година во весникот Nature Biotechnology од страна на компанијата која го направи доматот – Norfolk Plant Sciences. Истражувањето потврди дека биле изменети гените на еден вид на домат за да се создаде поголема количина антиоксиданси во зеленчукот.

Семенарна хоризонтален банер

Тие антиоксиданси се викаат антоцијанини и природно се среќаваат во повеќе видови храна, како што се боровинките и црвената зелка. Тие се одговорни за виолетовата боја на зелечнукот и се смета дека имаат многу големи бенефити по здравјето. Како што е намалување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Petel.mk
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Некои видови на доматот со природно виолетова лушпа веќе содржат поголема количина антиоксиданси. Но, некои научници се прашувале дали тие нивоа може да се зголемат со неколку генетски модификации. Две гени биле зеени од друго растение и биле додадени во сега произведениот виолетов патлиџан. Гените ја зголемиле веќе постоечката способност на доматот да произведува антоцијанини. Резултатот е уникатен домат со богата вилетова боја и однадвор и во внатрешноста.

После долг период проверки низ регулаторните тела, генетски модифицираниот домат сега е чекор поблиску до трпезите. Одобрението од Инспекцијата за здравје на животните и растенијата значи дека генетски модифицираното растение не подлежи на строги контроли кои го ограничуваат местото и начинот на одгледување. Сега може безбедно да се одгледува каде било во САД како и секое друго растение.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img