Германија од следната пролет ќе забрани извоз на пестициди кои не се одобрени за пазарот на ЕУ во трети земји, пренесува Euractiv.
Германското Министерство за земјоделство подготвува национална регулатива која ќе стапи на сила од пролетта 2023 година. Со неа, како што е најавено, ќе се забрани извоз на одредени производи за заштита на растенијата кои се штетни за здравјето на луѓето и чија употреба е забранета во ЕУ.
Министерот за земјоделство Џем Оздемир оцени дека е неприфатливо да се продолжи со извоз на пестициди кои се штетни.
– Неприфатливо е да продолжиме да произведуваме и имаме извоз на пестициди кои со право ги забранивме. Мораме да го зачуваме здравјето на луѓето – рече тој.
Германија, ќе инсистира на забрана за извоз низ ЕУ заедно со Франција. Мора да се обезбеди „заштита на здравјето на луѓето и да се постават глобални стандарди“.
– Луѓето насекаде имаат исто право на здравје, а тоа мора да важи и за земјоделците во другите земји – рече Оздемир.
Германија во 2021 година извезла повеќе од 8.500 тони активни неодобрени супстанции. Тие се користат во производите за заштита на растенијата. Вкупно се извезени 53.000 тони, соопшти Министерството. Се смета дека околу 160 неодобрени супстанции имаат својства штетни за здравјето на луѓето, пренесува Еурактив.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.