Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиШто да (не) се сее после пченка?

    Што да (не) се сее после пченка?

    petel baner

    Поради сушата и намалената влажност не доаѓа до целосно разградување на хербицидот. Од ова зависи изборот на следните култури после пченка.

    Сушата годинава веројатно најмногу ги погоди посевите со пченка – негативно. На некои места родот ќе пропадне и до 50 отсто, некои сорти созреале порано од вообичаено, па бербата почнала порано. Поради недостигот на дожд, растенијата хронично немале вода, кочаните биле помалку развиени, зрната останале пократки, а содржината на сува материја била висока. 

    Otkup na kompiri

    Но, освен тој проблем, ваквата состојба предизвикана од сушата ќе влијае и на производството на посевот што ќе се сее на површината каде што растела оваа житарка. 

    На што да се обрне внимание?

    Имено, поради недостаток на влага во почвата, некои хербициди се уште не се целосно разградени, поради што изборот на култури за нова сеидба ќе биде ограничен, пренесува.

    agrounik

    „Доколку има помалку од 120 l/m² врнежи помеѓу примената на хербицидот и сеидбата на следната култура, може да се очекува намалена стапка на распаѓање “, велат експертите од Центарот за рурален сервис DLR во Битбург.

    Ова првенствено се однесува на земјиштата кои биле третирани со хербициди од групата на сулфонил уреа  и трикетони. Проблемот ќе биде најизразен во подрачјата каде од јуни наврнале помалку од 25 l/m² дожд.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Соодветни култури

    Се препорачува да не се сее семе од репка, јачмен и детелина за да се избегне оштетување. Се советува одгледување на зимска пченица, а кај зимскиот јачмен се препорачува длабинско обработување.

    Во случај да се примени активната супстанција мезотрион , не се препорачува одгледување мешунки во следната година. По пченката, површината мора да се зазелени со соодветна покривна култура, доколку планирате да одгледувате летни култури следната година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img