Празот кај нас е многу распространет и се користи во бројни рецепти.
Празот е многу важен извор на витамини А и Ц, минерали и други корисни материи.
За да уживате во благодетите и вкусот на празот долго време, треба да знаете како да го чувате.
Во фрижидер празот може да остане свеж од 5 дена до две недели. Сепак, задолжително завиткајте го во фолија, бидејќи има специфичен мирис, кој може да се пренесе и на друга храна во фрижидер. Пред да го ставите во фрижидер, не го мијте. Можете да го исечете на помали парчиња.
Доколку сакате да чувате праз подолго време, можете да го замрзнете во замрзнувач. За таа цел добро исчистете го, исечете го стеблото на прстени и бланширајте го во топла вода околу 2 минути. После тоа, изладете го, ставете го во најлонски кеси и ставете го во замрзнувач.
Еден од најдобрите начини за чување праз е да го ставите во песок. Таму може да трае цела зима. Ако немате градина можете да го чувате во кофа со песок. Исчистете ги корените, исечете ги врвовите на листовите и врзете го во сноп. Закопајте го во песок. Во најстудените зимски денови покријте го одозгора за да не замрзне.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.