Ликерот од дуња е ароматичен, вкусен пијалок кој многу лесно се подготвува дома.
Всушност, постојат многу причини зошто е добро да се пие ликер од дуња. Секако, тоа не значи дека треба да претерате.
Се препорачува да се консумира по една чашка за ракија од овој корисен ликер дневно, а да се пие исклучиво наутро на празен стомак.
Доколку не сте навикнати да пиете алкохол и ви пречи неговиот вкус, можете слободно да го разредите со вода.
Еве како да подготвите домашен ликер од дуња:
1 кг дуњи
1 литар домашна ракија
400 грама багремов мед
Подготовка:
Прво, избришете го овошјето со чиста крпа и отстранете ги сите скапани делови. Исечете ги на парчиња и извадете го средишниот дел во кој се наоѓаат семките. Во чиста стаклена тегла ставете ги дуњите, па прелијте ги со ракија. Оставете го месец и пол на темно место.
По изминатиот период, потребно е да се процеди течноста преку цедалка или газа. Потоа во напитокот додадете го медот од багрем, измешајте и оставете да отстои околу шест недели. Во овој период задолжително одвреме-навреме протресете ја теглата за смесата добро да се соедини. По тој период, исцедете го ликерот од дуња со мед во чисти шишиња и пијте по потреба во мали количини.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, Од соседите и Агро забава, како и нашите групи на Facebook и Viber.