Рокот за јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Уште денеска трае рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата.
Вкупната поддршка за оваа мерка е зголемена на 5.785.728 евра од кои 75 отсто се обезбедени преку ИПАРД програмата, а 25 проценти од буџетот на Република Македонија.
Сите заинтересирани апликанти можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и со проекти кои предвидуваат поставување фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби.
Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријатија.
Сите заинтересирани може да го искористат уште денешниот ден за поднесување на апликацииите, до кога и важи рокот за оваа мерка.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.