Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ЗабаваДали хималајска сол е поздрава од обичната?

    Дали хималајска сол е поздрава од обичната?

    Хималајска сол содржи дури 84 различни минерали, што се всушност скоро истите минерали кои се наоѓаат во човечкиот организам.

    Хималајска сол се копа од рудниците на Хималаите. Настанала со таложење на соли од морската вода, која пред многу години ги прекривала Хималаите. Уште по самата боја се гледа дека оваа сол е различна од обичната.

    Кујнската сол (обичната) содржи само натриум хлорид и дополнително е збогатена со јод. За разлика од неа, хималајската сол содржи 84 микроелементи, што ја прават навистина супериорна во однос на обичната сол.

    Зошто хималајската сол е поздрава од обичната?

    Подобра е доколку сакате да ослабете

    Хималајската сол помага за подобро и полесно варење на храната. Минералите кои ги содржи ја зголемуваат способноста на гастроинтестиналниот тракт за апсорпција на хранливите материи од храната.

    Го подобрува сонот и го намалува стресот

    Хималајската сол поради минералите кои ги содржи, промовира опуштање на мускулатурата на телото, со што се намалува стресот и се олеснува сонот.

    Поздрава е за срцето отколку обичната сол

    Обичната сол воопшто не содржи калиум, калциум и магнезиум, а околу 15% од хемискиот состав на хималајската сол отпаѓа на овие минерали. Хималајската сол содржи нешто помал процент на натриум од обичната. Затоа предизвикува помала задршка на вода и течности. Ова допринесува за намалување на крвниот притисок кој е поврзан со кардиоваскуларните проблеми.

    Хималајската сол е одличен електролит

    Благ раствор од хималајската сол е комплетен електролитски напиток, многу подобар од готовите електролите. Одлична е за спортисти во случаи на обилно потење како што се маратонските трки.

    Можете да ја користите како детоксикациска купка

    Топла купа со хималајска сол е одлична за исфрлање на токсините од телото. Бидејќи кога ќе се раствори со вода, хималајската сол формира јонски раствор кој предизвикува извлекување на токсините од телото.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вестиОд соседите и Агро забавакако и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img