Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЕсенски плодови за појак имунитет

    Есенски плодови за појак имунитет

    petel baner

    За да го зајакнете својот имунитет и да ги избегнете есенските настинки и вируси потребно е да внесувате доволно витамини и минерали преку разновидна исхрана.

    Есенските плодови се богати со антиоксиданти, кои се многу корисни во борбата против разни болести, бидејќи ја спречуваат оксидацијата на клетките.

    Ако сакате да го зајакнете имунитетот, вклучете ги овие намирници во вашата исхрана:

    Otkup na kompiri
    Јаболки

    Јаболките се една од најголемите радости на есента и сега е вистинско време да уживате во нив на разни начини – свежи, во пита или печени. Се разбира, за имунитет се најдобри свежите јаболки и се извор на лесно сварливи влакна. Нивниот внес ја подобрува работата на дигестивниот тракт, кој е од исклучителна важност за работата на имунолошкиот систем и ублажување на воспаленијата. Слободно може да им додадете и цимет, не само поради совршената комбинација на вкусовите, туку и поради неговите изразени противвоспалителни својства.

    Костени

    Костените се препорачуваат за оние кои страдаат од бубрежни заболувања. Богати се со калиум и фосфор и содржат бакар кој ги зајакнува коските и имунитетот. Костените го забрзуваат создавањето на црвените крвни зрнца и се доста калорични, па затоа ќе ве одржуваат сити.

    Брокула

    Еден од најдобрите извори на витамините К и Ц. Брокулата е одличен извор на калиум и влакна. Тие ја помагаат работата на дигестивниот тракт и ја зајакнуваат флората во него.

    Цитрусни овошја

    Општо е познато дека се преполни со витамин Ц, но имаат и други бројни прености за здравјето. Содржат флаваноиди, кои ги помагаат работата и здравјето на срцето, но и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол и триглицеридите.

    agrounik
    Пашканат

    Пашканатот е роднина на морковот, а содржи богата смеса на нутритиенти – фолни киселини, витамини Б6 и Б5. Идеален е како додаток на супи, но и печен со маслиново масло, бибер и сол.

    Тиква

    Вистинскиот симбол на есента има да понуди многу повеќе од декорација за ножта на вештерките. Покрај тоа што е богата со антиоксиданси, тиквата е полна со витамини А, Ц и Е. Нејзините семки се одлична занимација за забите, која е полна со влакна, протеини и минерали. Освен што можете да ја печете, можете да направите и блендирана чорба од неа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Лук

    Здравствените предности на лукот се добро познати, но не е на одмет и да се повторат: одличен е во зајакнување на имунитетот и може да ве одржи цела есен и зима.

    Кромид

    Кромидот содржи алицин кој можеме да го сметаме како природен антибиотик поради силните антибактерски својства кои ги има. Токму поради тоа кромидот се смета за извонредна намирница кога се во прашање настинки и инфекции, и тоа особено на дишните патишта.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img