Здравец – самото име на оваа билка укажува дека таа поседува извонредни исцелителни својства.
Како самоникната билка може да порасне насекаде, а обично ја има во шумските региони, иако исто така може да се одгледува и во градина.
Цвета од април до јуни, а во тој период исто така се берат надземните делови за сушење и чување за надополнување на домашната аптека.
Здравецот содржи танин, пектин, холин и етерични масла со нагласен мирис. Оваа билка е лековита во целост, но највеќе коренот, кој содржи најголема концентрација на танин и други активни состојки.
Коренот се отстранува во пролет и есен, традиционално се користи за лекување на кожни заболувања – исекотини, изгореници, егзема. Тој е ефикасен за миење на воспалена слузница на усната шуплина, како и за отстранување на мирисот од устата.
Чајот од цветовите, лисјата и стеблото ја подобрува функцијата на бубрезите, и го зајакнува имунитетот, ги намалува симптомите на исцрпеност. Исто така ублажува несоницата, ја намалува анксиозноста, менструални проблеми, и симптомите на менопауза.
Во комбинација со други лековити растенија на сличен ефект има многу корисен ефект над женските репродуктивни органи.
Народните лекари веруваат дека ја стимулира плодноста кај жените. А во некои случаи се користи и како природен лек за третман на женска неплодност. Помешано со мацина трава (кај народот е позната и како очајница), се користи и за лекување не само на женскиот, но и на машкиот стерилитет.
Миризливото етерично масло од здравец ја чисти кожата, и е многу застапено во козметиката. Во исто време, дава совршен спој со маслата од јасмин, лаванда и бергамот.
Еве неколку добри причини зашто да одгледувате здравец во вашиот дом:
– Мирисот на цвеќето го подобрува расположението.
– Здравецот помага и во љубовта, па затоа се препорачува на саканата личност да ѝ подарите цвет од здравец. Таа сигурно ќе ви возврати со насмевка.
– Листовите од здравец во својот состав содржат есенцијално масло, за да се уверите во тоа доволно е листот да го истриете со прстите. Маслото се истакнува особено на сонце в лето. На овој начин растението се штити од прегревање. Постои мислење дека ако здравец е на улица, тогаш во топло суво време на зајдисонце лесно е да се забележи сјај над него. Етеричните масла кои активно се лачат го прават растението да добие дополнителна убавина.
– Листовите од здравец можат да ги одвратат молците, мувите и другите инсекти, па можете да го чувате дури и во вазна.
– Здравецот можете да го користите за лекување на главоболки и настинки. Ова растение го прочистува воздухот, ги убива штетните бактерии. За да се чувствувате добро, доволно е да седите покрај растението 10 минути дневно. Можете да користите масло од здравец за прочистување на воздухот, само 3 до 4 капки масло во ароматичната ламба ќе бидат доволни.
– Маслото од здравец дава пријатно чувство и буди романтична атмосфера. Можете да ставите 5 капки масло од здравец во ароматична ламба за време на романтична вечера.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.