Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022

More
    домаситеНамирници кои можат да го подобрат здравјето на срцето

    Намирници кои можат да го подобрат здравјето на срцето

    Постојат многу работи што можете да ги направите за да го одржите вашето срце здраво.

    Eдна од наједноставните промени во животниот стил што ќе му користи на вашето срце е да внимавате што јадете.

    Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги консумирате за да ја подобрите функцијата на вашето срце.

    Печурки

    Печурките се еден од најдобрите извори на витамин Д. Сигурно ви е добро познат фактот дека витаминот Д игра голема улога во здравјето на коските, но истражувањата покажале дека луѓето со ниско ниво на овој витамин имаат зголемен ризик од срцеви заболувања.

    Путер од кикирики

    Путерот од кикирики содржи маснотии кои го штитат вашето срце. Така, следниот пат воопшто не двоумете се и уживајте во вашата вкусна, но и хранлива закуска без да чувствувате вина.

    Лук

    Силниот и карактеристичен мирис на лукот се должи на сулфурот. Од друга страна, научниците откриле дека сулфурот помага при одржувањето на крвниот притисок во нормала, но и ги опушта крвните садови. Затоа, не двоумете се да додадете едно чешне повеќе во вашите омилени солени рецепти.

    Урми

    Урмите се богат извор на калиум, хранлива состојка која го регулира крвниот притисок и го одржува здравјето на срцето. Освен тоа, тие помагаат и во намалувањето на нивото на триглицеридите и на тој начин дополнително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

    Портокали

    Портокалите не само што се вкусни туку пред сè тие се здрави, особено кога станува збор за срцето. Кората од портокал содржи растителни влакна наречени пектин кои имаат способност да го апсорбираат лошиот холестерол. Следниот пат додадете кора од портокал во вашите омилени мафини и нема да зажалите.

    Овесна каша

    Овесната каша изобилува со растителни влакна кои се борат против лошиот холестерол. Освен тоа, таа содржи и омега-3 масни киселини кои позитивно влијаат врз здравјето на срцето. Доволно е да додадете малку овошје за совршен појадок!

    Откако дознавте кои намирници позитивно влијаат врз работата на срцето, можеби ќе сакате да прочитате и како омега-3 масните киселини влијаат поволно врз срцето и мозокот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img