Едно парче суво овошје содржи приближно исто количество хранливи материи како свежото овошје, но концентрирано во многу помала форма.
По тежина, суво овошје содржи до 3,5 пати повеќе влакна, витамини и минерали од свежото овошје.
Затоа, една порција може да обезбеди голем процент од препорачаниот дневен внес на многу витамини и минерали, како што се и фолатите.
Сепак, постојат исклучоци. На пример, содржината на витамин Ц значително се намалува кога овошјето се суши.
Сувото овошје обично е богато со влакна и е одличен извор на антиоксиданси, особено полифеноли. Полифенолните антиоксиданти се поврзани со позитивни здравствени ефекти преку подобрување на протокот на крв, подобро дигестивно здравје, намалено оксидативно оштетување и намален ризик од многу болести.
Поради тоа што при процесот на сушење овошјето губи вода, сувото овошје може да ги изгуби витаминот Ц и фолната киселини поради тоа што овие состојки се ратворливи во вода. Меѓутоа другите витамини остануваат во исто количество како и пред сушењето, или пак ги има во поголемо количество и покрај тоа што овошјето губи маса.
Што се однесува до витаминот А, кој е корисен за очите и за кожата: свежите праски содржат 27 мцг во 100 г, а сушените дури 390 мцг во 1 00 г.
Сувото овошје, а особено она со лушпа, содржи прилично количество витамин Е, кој е моќен природен антиоксидант, како и витамин Бб, кој има позитивно дејство врз нервниот систем и придонесува да се одржи доброто расположение.
Одлична мешавина на минерали
Изненадувањата кои ни ги нуди сувото овошје не престануваат тука. Сите суви овошја се богати со калиум, минерал кој е корисен за мускулите, срцето и нервниот систем. Со магнезиум, кој е есенцијален за правилното апсорбирање на калциумот и за хормонална рамнотежа.Со фосфор, кој ги стимулира менталните функции. Освен тоа, сувото овошје е одличен извор на железо, кое дава физичка и ментална енергија и кое се користи против анемија.
Сувото овошје не содржи холестерол
Мекото суво овошје не содржи никакви маснотии, а она суво овошје што има лушпа не содржи холестерол. Меѓутоа во ова суво овошје преовладуваат незаситените масти (кои ги има 40-50%). Тие пак помагаат да се отстрани холестеролот од крвта со што го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.
Добри е и за оние што држат диета
Диетолозите не уверуваат дека сувото овошје, доколку се користи во умерено количество, е идеално за слабеење. Тоа ќе се случи само доколку не ја преминете границата од 20 до 30 г дневно (за сувото овошје со лушпа), или 40-60 г дневно (за мекото суво овошје).
Вкусно овошје со голема енергетска вредност
КАЈСИИ – го победуваат лошото расположение – содржат големо количество на витамин Б
КИКИРИТКИ – ги омекнуваат малите брчки – добар извор на бакар
ФСТАЦИ – се борат против слободните радикали – добри антиоксиданти
БАДЕМИ – придонесуваат за здравјето на забите, косата и ноктите – богати се со калциум
ЛЕШНИЦИ – го регулираат менструалниот циклус – добар извор на фитостерони
СЛИВИ – ја стимулираат работата на мрзливите црева – имаат многу целулоза
УРМИ – помагаат да се победи заморот – содржат многу шеќери
СУВО ГРОЗЈЕ – ги смируваат ревматските болки – содржат салицилна киселина
СМОКВИ – го регулираат притисокот – содржат многу калиум
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.