Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

More
    домаАгро ВестиДали греењето на дрва и пелети е штетно за здравјето и животната...

    Дали греењето на дрва и пелети е штетно за здравјето и животната средина?

    Се поголем број домаќинства одлучуваат да се греат на дрва и пелети. Тоа ги загрозува шумите, биодиверзитетот, здравјето на луѓето и климата.

    Со поскапувањето на гасот, населението се сврте кон греење на дрва за да ги намали трошоците. Сепак, експертите предупредуваат на ризикот што овој тип на греење го носи за здравјето, климата и животната средина, пишува Agrarheute. 

    На почетокот, звучи како пелетите и дрвото да се еколошки, дека претставуваат обновлив извор на енергија и дека се релативно евтини. Но, поскапувањето на гасот се одрази и на овие извори на енергија. Има огромен пораст, а многумина стравуваат од недостиг. 

    Дрвото како загадувач?

    Согорувањето на дрво произведува многу повеќе загадување отколку согорувањето на нафта или гас, вклучувајќи јаглерод моноксид, азотни оксиди и метан. Високо концентрираните гасови и штетните цврсти емисии, како што е саѓи, имаат катастрофални последици за квалитетот на воздухот.

    „Ништо не гори понечисто и поштетно за климата од дрвото “, предупредува Ахим Дитлер, експерт за аеросоли на Технолошкиот институт во Карлсруе. Тој нагласи дека најголем проблем е кога чадот оди директно во соседните домови и навлегува внатре дури и кога прозорците се затворени.

    Ситните цврсти честички претставуваат опасност по здравјето. Нивното вдишување предизвикува бројни заболувања како што се: рак на белите дробови и други болести на дишните органи, кардиоваскуларни заболувања и дијабетес. Тој тврди дека поради зголеменото греење на дрва оваа зима ќе се разболат повеќе луѓе.

    Наглото поскапување на огревните дрва и пелети

    Побарувачката за печки и системи за греење кои ги користат овие два извора на енергија расте. Според податоците на Германскиот институт за пелети, во првата половина од годината биле продадени околу 32.000 системи за греење на пелети. Тоа е дванаесет отсто повеќе отколку во првите шест месеци од минатата година.

    Според податоците на Федералниот завод за статистика, огревното дрво и пелетите во август чинеле речиси 86 отсто повеќе отколку во истиот месец лани. Додека пак потрошувачките цени во овој период пораснале за 7,9 отсто.

    Екстремниот пораст на цените се објаснува со силната побарувачка, зголемените трошоци за набавка и транспорт.

    Страдаат шумите

    Поради големата побарувачка, се стравува дека ќе настрадаат шумите. Пјер Ибиш од Универзитетот за одржлив развој Еберсвалде изјави дека употребата на дрво за греење претставува голема опасност за шумите. Тие се и онака веќе погодени од климатските промени и уништувањето. Тој посочува дека уште понегативно ќе влијаеме на биолошката разновидност, почвата, микроклимата и на крајот на глобалната клима.

    Европскиот парламент неодамна одлучи да ја намали количината на дрво што се користи за производство на енергија, како и државните субвенции за овие цели.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img