Периодот на подготовка на зимницата отсекогаш бил најубавиот дел од годината. Покрај ајварот, слаткото, време е и за туршија. Што може да биде комплицирано и различно? Зеленчукот се распоредува по желба во тегла, се закиселува и се чека вистинското време да стигне до чинијата. Но, што ако во солената зимска градина додадеме јаболка, круши и грозје и од сето тоа направиме цветна градина? И тоа е комбинација на модерно и традиционално.
Покрај пиперките, карфиолот, краставиците, тиквичките и морковите, Ана додава и грозје, потоа јаболка и стара сорта круша – оскоруша. По миењето на зеленчукот и овошјето, во летната кујна на Ана започнува вистинската магија – а тоа е резба на зеленчук и овошје.
Целата подготовка на оваа необична туршија прилог погледнете го овде:
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.