Цвеклото е една од најхранливите намирници што секојдневно можат да се консумираат, а истовремено е идеален избор во текот на зимските денови.
Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод…
Цвекло е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.
Идеално е за регулирање на крвниот притисок и го намалува зголемениот холестерол во крвта.
Изобилува и со силициум, кој што го појачува сврзното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум.
Може да се готви, но најдобро е кога се консумира свежо. Сокот од цвекло го освежува организмот, а може да се комбинира со морков, јаболко или лимон.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.