Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеЦитрон – здраво овошје кое може да биде и опасно

    Цитрон – здраво овошје кое може да биде и опасно

    petel baner

    Овошјето цитрон има благотворни дејства, но со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.

    Предностите на цитронот се бројни. Го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот…

    Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови. Бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.

    Otkup na kompiri

    Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.

    agrounik

    Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце.

    Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите.

    Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон. Но, и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар. Или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img