Јаболкото треба само да го измиете и да го јадете со лушпа, бидејќи лушпата е најздравиот дел од него.
Општо познато е дека јаболкото како едно од најпопуларните овошја, се препорачува еднаш дневно.
Јаболкото има неверојатни хранливи материи кои ни даваат добро здравје, намалувајќи го ризикот од одредени болести како рак, дијабетес или дисфункција на белите дробови.
Повеќето влакна се во лушпата
Едно јаболко со средна големина содржи 4,4 гр влакна. Без лушпата има само 2,1 гр што не е доволно за јаболкото да биде наречено „добар извор на влакна“.
Во лушпата се повеќето витамини
Во лушпата има 8,4 мг витамин Ц и 98 единици витамин А. Без лушпата остануваат само 6,4 мг витамин Ц и 61 единица витамин А.
Јаболкото ги ублажува проблемите со дишењето
Ова важи само ако го јадете заедно со лушпата. За тоа е главен кверцетинот кој се наоѓа во лушпата.
Кверцетинот го подобрува и помнењето
Тој се бори против оштетувањата на мозокот и штити од Алцхајмерова болест и други дегенеративни проблеми.
Борец против ракот
Во лушпата од јаболкото се наоѓаат соединенија наречени тритерпеноидс. Тие ги спречуваат клетките на ракот и го намалуваат нивното размножување, а тоа особено се однесува на ракот на црниот дроб, дебелото црево и ракот на дојка.
Одржувач на витката фигура
Урсоличната киселина (состојка која се наоѓа во кората од јаболкото) помага во изградбата на здрави мускули и во согорувањето на калории. Едно јаболко со лушпа во денот го намалува ризикот од дебелеење.
Многу луѓе јаболките ги лупат поради тоа што сметаат дека се прскани со хемикалии при нивното одгледување. При тоа не веруваат дека со миењето хемикалиите се отстрануваат.
Но, одлично решение е јаболките пред да се консумираат да се остават во длабок сад со вода да отстојат половина час, на тој начин сите хемикалии ќе се растворат. Така ќе можете да уживате во здравото јаболко со лушпа.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.