Вкупно 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка во набавка на опрема за производство на тутун, информираат од МЗШВ.
Поддршката кон земјоделците доаѓа преку Програмата за рурален развој мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерката 121.7 набавка на опрема за производство на тутун. За оваа мерка во текот на месец април од страна на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше распишан јавен повик, кој траеше до 20 мај 2022 година.
Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно законот за земјоделство и рурален развој.
Средствата од оваа мерка се наменети за инвестиции во набавка на опрема за производство на тутун, а максималниот износ на финасиската поддршка по корисник изнесува 4.500.000 денари.
– Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка на земјоделците во набавка на опрема и модернизација на земјоделството. Покрај овој јавен повик преку оваа програма обезбедивме поддршка за земјдоелците во набавка на трактори, мандри, специјализирани комјабни за ориз и сушари, како и поддршка за изградба на силоси каде веќе склучивме 24 договори, велат од МЗШВ.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.