Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиМанифестација „Светски ден на Вранецот 2022“

    Манифестација „Светски ден на Вранецот 2022“

    petel baner

    На четвртата по ред манифестација „Светскиот ден на Вранецот“ се потпиша меморандум кој вклучува поддршка на малите семејни винарници во едукација, маркетинг и развој на стандарди. Со ова започнува и нов заеднички пристап во развојот и промоцијата на македонското вино.

    Основната порака од манифестацијата е дека вранецот е добро познато вино во регионот, произведено од истоимената сорта грозје. Тоа има потенцијал да биде и во светски рамки. Но, за тоа е потребно да се вклучи и науката и да се применат соодветни стандарди. 

    На манифестацијата беше доделена и титулата „Амбасадор на Вранецот“, чии носители се Томас Кртис и постхумно Филип Камби, еден од врвните светски енолози кој работеше на развој и промоција на Вранецот.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“, во организација е здружението „Вина од Македонија“ и партнерите од „Балканската винска мрежа”, која оваа година има и меѓународен карактер. Таа ги обединува македонските и регионалните производители на Вранец. Како и вински експерти и ентузијасти од целиот свет, со цел меѓународна промоција и препознатливост на овие вина.

    На „Винскиот салон“ во рамки на манифестацијата беа претставени над 50 вина „Вранец“ произведени од винарии од земјава, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија. А, беа овозможена и дегустации на вина и од Швајцарија, Австрија, Обединетото Кралство, Холандија и САД.

    На манифестацијата свои обраќања имаа проф. др. Климе Белески, кој говореше за „Улогата на тероарот врз квалитетот на лозјето од сортата Вранец“. Проф. др. Виолета Иванова Петролулос, која се осврна на „Ароматичниот и полифенолен профил на вино од сортата Вранец“. Како и Томас Кертис, кој се осврна на можностите „Како да го користиме Вранецот за интернационална промоција позиционирање”.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На манифестацијата се одржа и панел дискусија на тема „Патот на Вранецот до глобалниот пазар: Соочување со предизвиците и имплементација на успешни стратегии“.

    Инаку, „Вранецот“ е присутен во пет земји од нашиот регион – Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и во Македонија. Во Македонија е засаден на близу 11.000 хектари, со што се истакнува како најголем производител на вино од оваа сорта.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img