Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ВестиАФПЗРР : Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и...

    АФПЗРР : Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

    petel baner

    Денеска на сметките на 5.851 млекопроизводители исплатени се субвенции од вкупно 89.455.245,00 денари за мерката 2.3. Таа ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо , овчо и козјо млеко.

    Исплатени се субвенции за предадено млеко во месеците јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

    Agrobot

    Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар. Тоа е произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи. 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

    “Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец Октомври се исплатени предадените количини за 5 месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури,, – информира директорот Бачовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките.

    Текстот во целост е превземен од страната на АФПЗРР

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img