Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено) престана да важи.
Одлуката ја донесе Владата по предлог на Министерството за економија.
– Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен во соработка со МЗШВ. Се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан. Кој е потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1-4 септември 2022 година во Белград. Со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи, информира владината прес-служба.
Одлуката за ограничување на извозот на пченица и брашно беше донесена во јули годинава. Со цел да се заштити домашното производство. Како и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар за да се избегне растот на цените.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.