домаАгро ВестиИрска обезбедува стимулации за обнова на напуштените имоти

Ирска обезбедува стимулации за обнова на напуштените имоти

Prokredit baner

За да влезете во оваа стимулативна шема во Ирска, имотите мора да бидат изградени пред 1993 година и слободни повеќе од две години.

Ирската влада најави стимулации за граѓаните да ги санираат напуштените имоти низ целата земја. За таа цел обезбеди фонд од 50 милиони евра. Износот по имот се движи од 30.000 до 50.000 евра за куќи кои ќе бидат главна резиденција на сопствениците. Едноставно кажано дом на корисникот на стимулациите.

Семенарна хоризонтален банер

Се верува дека има повеќе од 57 илјади вакви станбени единици. 

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Изградено пред 1993 година

Стимулацијата првенствено се однесува на грантови од 30.000 евра. Но, доколку се очекуваат поголеми трошоци за реновирање, кои ќе ја надминат почетната сума, ќе се одобрат уште 20.000 евра. Во овој случај, барателот ќе треба да потврди дека имотот е навистина запоставен и опасен за безбедноста на луѓето. Тоа секако ќе треба да го докаже стручно лице. 

Стимулациите, исто така, може да се комбинираат со оние на Управата за одржлива енергија на ирската Шема за подобар дом за енергија, која потенцијално нуди дополнителни 26.750 евра. 

За да влезете во оваа стимулативна шема, имотите мора да бидат изградени пред 1993 година и слободни повеќе од две години. Апликациите за грант ќе бидат надгледувани од локалните власти.

Правило од 400 жители

Она што тие го гледаат како неправедно во Ирска е правилото дека имотите што ги исполнуваат условите мора да бидат во градовите и селата со население од повеќе од 400 луѓе. Имено, има многу кои би сакале да ги искористат овие средства, но не се вклопуваат во рамката, пишува Thats Farming. 

Тигар лого гиф

„ Многу луѓе кои сакаат да ги реновираат постоечките домови не можат да пристапат до шемата само поради ова правило “, рече портпаролката на руралниот развој на Шин Феин, Клер Керан, која ја повикува владата да биде пофлексибилна.

Воведен и данок на празни имоти

Друга интересна информација е дека ирската влада во својот буџет воведе нов данок на слободни имоти, како одговор на станбената криза во таа земја.  

Petel.mk

Ќе важи за оние кои се зафатени помалку од 30 дена во период од 12 месеци. Целта е да се поттикнат сопствениците да ги изнајмуваат или продаваат. 

Со оглед на бројот на празни и запуштени имоти кај нас, ние сме повеќе од зрели за вакви мерки. Ако Ирска може да го направи тоа, зошто оваа практика не може да се спроведе овде? 

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img