Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваВиолетов компир – необичен, но сепак многу здрав

    Виолетов компир – необичен, но сепак многу здрав

    Виолетов (син) компир е стара сорта на компир со потекло од Јужна Америка.

    Неговата употреба е значително намалена со текот на времето. Бидејќи класичните сорти на компир се покажаа како многу подобри во однос на приносот и големината на плодот. Денес, кога е утврдено дека виолетовиот компир е многу похранлив од „обичниот“, неговата употреба е се почеста ширум светот во многу кујни.

    Виолетовите компири или „Purple Majesty” се посебен вид на компири, богати со антоцијанин кој се поврзува со намалувањето на холестеролот во организмот.

    Здравствените бенефити на виолетовите компири  би можеле да придонесат за негова промоција и поттикнување на производството. Потрошувачката на свеж компир во последните неколку години опадна. И покрај зголемениот фокус на потрошувачите на брзата храна и поедноставна подготовка на оброците. А во прилог не му оди ни мислењето дека станува збор за намирница која е нездрава и дебелее.  

    Кај виолетовите компири токму присуството на антоцијанот е виновен за неговата виолетова боја. Кога се консумира во соодветни количини, овој пигмент се поврзува со намалувањето на холестеролот. Како и редукција на дијабетесот тип 2 и намалување на ризик за појавата на карцином.

    И покрај тоа што претставуваат голем извор на енергија, влакна, витамини и калиум, компирите не се на листата на намирници кои се препорачуваат за задолжителна секојдневна консумација.

    Сепак, научниците веруваат дека токму виолетовиот компир оваа ситуација би можел да ја промени, благодарение на големиот удел на антоцијанот. Истакнуваат дека, со консумацијата на виолетовиот помфрит  или пак  салати од виолетов компир, би можел да се зголеми и внесот на антоцијанот. А со тоа да се искористат неговите бенифити врз  здравјето.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img