Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

More
    домаАгро ВестиОН ја повикуваат Европа да ја засили својата еколошка амбиција во борбата...

    ОН ја повикуваат Европа да ја засили својата еколошка амбиција во борбата против планетарната криза

    Владите во паневропскиот регион мора да покажат многу поголема еколошка амбиција во справувањето со климатските промени. Ова се вели во извештајот претставен од Обединетите нации на 9-та министерска конференција за животна средина за Европа во Никозија, Кипар.

    Седмата паневропска оцена за животната средина беше претставена пред највисокото тело на ОН за еколошка политика во регионот. Опфаќа 54 земји низ Европската унија, членки на Европската асоцијација за слободна трговија, Балканот, Кавказот, источна Европа и Централна Азија.

    Заедничкиот извештај на Економската комисија на ОН за Европа (UNECE) и Програмата на ОН за животна средина (UNEP) посочи дека е потребна поголема еколошка амбиција за решавање на тројната планетарна криза. Таа влијае на климата, природата и загадувањето и чии ефекти имаат влијание врз животите на луѓето.

    Заклучоците од оваа проценка, гледајќи само на половина од Агендата за 2030 година, мора да бидат повик за будење за регионот – рече извршната секретарка на УНЕЦЕ Олга Алгајерова.

    Таа посочи дека сушата со која се соочи регионот летово укажува на „што може да се очекува во наредните времиња“.

    Граѓаните го чувствуваат притисокот и се соочуваат со постојано зголемување на сметките за енергија и гледаат рекордни температури. Нивните резервоари за вода се намалуваат, континентот се соочува со други големи предизвици. Затоа земјите треба да покажат дека постои план – изјави извршната директорка на УНЕП, Ингер Андерсен.

    Во заедничкиот извештај се наведува дека меѓу 2009 и 2018 година, 41 европска земја забележала намалување од 13 отсто на предвремените смртни случаи предизвикани од долготрајна изложеност на PM2,5.

    Сепак, концентрациите на PM2,5 продолжија да ги надминуваат упатствата на Светската здравствена организација за квалитетот на воздухот од 2005 година од 10 милиони грама на кубен метар воздух. Потоа и построгата граница од 2021 година од пет милиони грама на кубен метар воздух низ целиот регион.

    Во извештајот се наведува дека употребата на обновливи извори на енергија се зголемила во 29 земји во периодот 2013-2017 година. Но дека регионот сè уште многу се потпира на фосилните горива.

    Загадувањето и испуштањето на урбаните и индустриските отпадни води сè уште се значајни органски загадувачи. Тие суште претставуваат закана за јавното здравје.

    Кога станува збор за заштитените подрачја, во паневропскиот регион тие се речиси тројно зголемени во последните 30 години.

    Заштитените морски подрачја се зголемени во површината за 66 отсто, а копнените за 22 отсто во последните пет години.

    Според извештајот, количината на отпад продолжува да расте. Дури и таму каде што постои силна политичка посветеност на кружната економија, како што се земјите од ЕУ и другите западноевропски земји. Стапките на рециклирање варираат во голема мера помеѓу земјите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img