Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваМувлата на намирниците може да биде фатална по животот

    Мувлата на намирниците може да биде фатална по животот

    petel baner

    Ако мувлата зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб.

    Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја. Постојат илјада видови на мувла. А некои видови произведуваат и микротоксини – хемикалии кои можат да предизвикаат бројни невролошки проблеми, па дури и смрт. Исто така, можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми како оштетување на црниот дроб, повраќање, гадење и дијареја.

    На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво. Тие не се видливи со голо око. Дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот. А со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.

    Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите. Дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа. Бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img