Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиПоготовки на почвата за пролетна сеидба

    Поготовки на почвата за пролетна сеидба

    petel baner

    Подготовката на почвата е основен предуслов за да се добијат плодови со висок квалитет, без разлика за која земјоделска или градинарска култура станува збор.

    Градинарското производство, за да биде што е можно поуспешно потребно е почвата во есен длабоко да се изора. Како и да се стави арско ѓубриво или пак некое минерално ѓубриво.

    Пред примената на ѓубривата многу е важно да се утврди нивото на азот во почвата. Па, врз основа на тој податок ќе биди утврдена и количината на потребно  ѓубриво.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    По правило, во есен се прави длабоко орање, и тоа за сите посеви кои ќе се сеат на пролет, освен на местата каде што има опасност од ерозија во текот на зимата, велат експертите.

    Изораната земја, во текот на есента и зимата ќе акумулира доволно влага за летниот период. Мразот ќе ги иситни грутките и ќе ги уништи бројните штетници и корови во почвата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Правилната обработка на почвата е од исклучително значење. Затоа што треба да се сочува или да се поправи нејзината физичко-хемиската структура и другите микробилолошките својства. Тоа е особено важно во интензивното производство каде во текот на годината ќе се менуваат повеќе видови на култури.

    Нивите кои се длабоко изорани во есен, нема потреба да се ораат повторно на пролет. Бидејќи така може да се изгуби многу влага, на површината ќе се извадат долните слоеви земја, а влагата од нив лесно испарува.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img