Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиКако правилно да посеете тревник?

    Како правилно да посеете тревник?

    petel baner

    Кога станува збор за сеење на нов тревник, најдобриот начин за да постигнете фантастични резултати е ако сеењето го започнете во топло и влажно време, како што е есенскиот период од септември – октомври.

    Доколку сакате да направите досејување на постоечкиот тревник, тогаш мај и јуни се најдобрите месеци за постигнување на одлични резултати.

    Подготовка

    Пред да се одлучите за сеење, не пропуштајте го најважниот дел, а тоа е одбирање на свежо семе со ознака. Наспроти старо или неозначено семе бидејќи вториот избор ќе ви понуди за 50% понизок квалитет при ‘ртење. 

    Otkup na kompiri

    Потоа, измерете ја површината во градината на која што сакате да го посеете тревникот. Имајте на ум дека за секој метар квадратен ќе ви бидат потребни околу 250 грама на семенски материјал.

    Откако ќе ги сторите овие работи, искористете го вашето гребло и направете браздички во земјата од околу 1-2cm кои ќе го прекриваат семето. Не заборавајте да ја одржувате површината влажна, бидејќи тоа е основниот предуслов за да семето започне да расте неколку cm.

    Во просек, семето никнува после 14 дена.

    Сеење

    Сеењето можете да го направите на 2 начина – рачно или машинско, а крајниот исход е речиси идентичен.

    Во поглед на рачното сеење, овој процес бара да ги распределите семето на помали делови со иста големина.

    Следниот чекор е да  измерите колку ќе ви биде потребно семе за секој дел. Потоа, поделите го  семето на два еднакви дела (земете една чашка која ќе служи како мерач). Започнете со нанесување на половината од семето во една насока. Другата половина посејте ја под прав агол (во однос на почетната насока).

    agrounik

    Најчесто, рачното сеење се користи за помали површини.

    Кога станува збор за машинското сеење, ова е далеку попрактично решение. Единственото нешто кое што треба да го подготвите е да употребите јута по рабовите на тревникот. Бидејќи тие ќе спречат машината да не запира кога ќе пристигне до крајот од тревникот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Првото косење на тревата треба да се направи кога таа ќе достигне висина од околу 8 см. На првото косење пожелно е тревата да ја скратите на околу 5-6 см, а за да ѝ го одржувате коренот здрав и јак, тревата треба да ја косите што почесто, но никогаш пониско од една третина од нејзината должина. Идеална должина на искосен тревник е 3 см.

    Според агрономите, идеално време за наводнување на тревникот е помеѓу 3 и 6 часот наутро. Вечерното полевање предизвикува појава на болести кај тревата, додека, пак, ако тревата се залева преку ден големо количество вода испарува. Најдобар и најрамномерен начин на полевање на тревата е со вградени прскалки.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img