Труење со храна можат да предизвикаат недоволната термичка обработка и неадекватното чување на намирниците кои помагаат при развојот на бактерии.
Труње со храна е честа појава кај луѓето. Симптомите се повраќање, пролив, ладна пот, болки во стомакот и омалаксаност, исто така, можат да се јават и грчеви, крвава столица, дехидратација и проблеми со нервниот систем.
Како да спречите труење со храна?
Во лето, кога температурите се многу високи, храната побрзо се расипува, а тоа собено се однесува на млекото, јајцата и производите кои ги содржат, па треба да водите сметка за нивното складирање, а при купувањето да ја проверите нивната свежина и рок на траење.
Што да преземете?
Во случај на труење со храна можат да ви помогнат природните напитоци кои го чистат организмот од токсини, ја надополнуваат изгубената течност и ги отстрануваат болките во стомакот.
– 1 лажица суво нане прелијте го со зовриена вода и оставете да отстои 15 минути за малку да се олади. Додадете сок од половина лимон и пијте ја оваа течност повеќе пати во денот, не додавајте шеќер.
– Во шоља со зовриена вода ставете 1 лажица ѓумбир во прав, промешајте и поклопете. После половина час течноста процедете ја низ медицинска газа и испијте го чајот.
– Сварете овесна каша во поголема количина вода, процедете ја од зрната и течноста пијте ја два пати дневно. Можете да и додадете свежо исцеден сок од лимон, грејпфрут или портокал.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.