Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаАгро советиСадење и одржување на туја

    Садење и одржување на туја

    petel baner

    Доколку се одлучите да одгледувате туја, мора да знаете дека тоа е растение кое е фасцинантно по својата убавина. Но, бара поголема грижа и внимание во однос на одржувањето.

    Поради грандиозност и визуелен впечаток, луѓето често се одлучуваат за жива ограда од растенија од родот туја.

    Постојат повеќе видови од ова растение, а најзастапен е туја смарагд. Ова е еден од најубавите и најодгледувани видови на туја. Своето име го добила поради својата боја – смарагдно-зелена, која не ја губи дури и во зимските месеци.

    Смарагдот е вид на туја кој има само една гранка водилка – лидер гранка. Има густа форма и многу лесно се одржува. Расте тесно и високо (пирамидално) до 5 метри висина и 1 метар ширина.

    Се одгледува во група или поединечно, иако најчесто се сади во живи огради.

    Толерантна е на јака сенка и студенило, полусенка, а доста добро поднесува сончеви позиции.

    Има умерена потреба од вода, бара средно влажно земјиште, добро дренирано и исушено, кисело до неутрално. Не е пожелно да се сади туја смарагд во близина на стоечка вода.

    Добро поднесува кроење и шишање и без проблем можете да ја одржувате саканата висина, а со малку поголемо искуство и време, можете да направете убаво дефинирани форми (топијари) – спирали, топки и сл.

    Моментално, смарагдот е најпопуларен вид со својата спирална форма, која се постигнува со рамномерно повеќегодишно шишање и обликување и како таков претставува совршен детаљ во вашата градина.

    Кроењето се врши рано напролет. Доколку се сади во жива ограда, растојанието на садење помеѓу две садници треба да варира од 70 cm до 120 cm (1,2 метри), во зависност од ефектот кој сакате да го постигнете. За квалитетни „бариери“ и брзо формирање, најоптимално растојание на садење е 70 cm.

    Со редовно шишање на посакуваната висина, тујата се зајакнува и станува поцврста, што е посебно битно во зимскиот период на снежни врнежи, кои создаваат тежина на садникот (кога садникот е слаб, доаѓа до негово кршење).

    Доколку се сади на растојание од 70 cm (садници со висина од 100 cm) потребно е 3-4 години за да направите видна бариера, а на растојание од 1 метар се потребни 6-8 години за создавање на иста таква бариера.

    Agrobot

    Исто така, овој вид на туја е незаменлив при садење во жардиниери – саксии за хортикултурно уредување на балкони, тераси, локали, деловни објекти…

    Нега на туја:

    Преку летото, посебно во првите неколку години, бара обилно залевање (најпогоден е систем капка по капка). На тој начин се зголемува годишниот пораст до 40%.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во просечни услови на раст, можете да сметате на минимум 20-30% пораст на годишно ниво. Поднесува корективно кроење.

    Овој вид на туја е отпорна на зимски ветрови и ниски температури. Почвата се прихранува рано напролет за да може да се постигне брз раст и напредок и сјајна и интензивна боја.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img