Мирисот на печени костени е придизвик за сите во овие есенски денови.
Костените се вистинско богатство кога се работи за здравјето во 100 грама костени има 131 калорија, но и многу други хранливи вредности.
Од витамини, најзастапен е витаминот Ц (26,7 мг), потоа Е, А и витамините Б комплекс. А од минералите најмногу содржи калциум, магнезиум (дури 54 милиграми), цинк, железо, бакар и манган.
Костенот има и омега-3 и омега-6 масни киселини и сите есенцијални амино киселини.
Богат е со протеини, влакна и масти. Брзо дава чувство на ситост, прави чуда за кардиоваскуларното здравје, здравјето на дигестивниот систем. Се користи во исхраната на дијабетичари, лица со висок крвен притисок, анемија и луѓе чувствителни на глутен. Ги зајакнува коските и забите, ги стимулира функциите на нервниот систем.
Како да испечете костени во рерна?
Многу вкусен печен костен може да се подготви и дома. За тоа не ви треба ни посебен сад за печење, можете да ја искористите било која стара голема тава.
Откако добро ќе ги измиете и исушите костените, со остар нож направете засеци на средината на секој костен. Наредете ги во тенџере, покријте ги со малку вода и додадете прстофат сол. Штом водата зоврие, веднаш извадете ги костените од водата. Префрлете ги од тенџерето во тава и ставете ги во загреана рерна на 220 степени.
Доволно е да ги печете костените околу 15 минути, а потоа да ги покриете со крпа или да ги ставите во затворен пластичен сад или кеса. Оставете ги така да отстојат десетина минути за поубаво да ја излупите колушпата.
Уживајте во вкусот на овие прекрасни есенски плодови.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.