Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиКога се бере цвекло и како се складира?

    Кога се бере цвекло и како се складира?

    petel baner

    Цвекло е растителен вид кој се одликува со исклучителен квалитет и лековити својства. Неговото одгледување не е комплицирано и може да се одгледува во помали градини, па дури и на балкони во саксии или разни контејнери. Кога да се бере цвекло и како да се чува, прочитајте подолу.

    По форма, цвеклото може да биде кружно, плоснато и цилиндрично. Сеидбата на цвекло треба да се врши сукцесивно во текот на годината за да се обезбеди континуирана берба и употреба на свежи плодови. Бербата се врши од пролет до доцна есен, во зависност од тоа кога сме го посеале цвеклото. Вегетацијата трае од 60 до 90 дена.

    Otkup na kompiri

    Најдобар квалитет е кога е со големина на топче за голф, а кога се користи за подготовка на зимска храна кога е со дијаметар од 5 см. Цвеклото може да биде со поголем дијаметар, но треба да се набере додека не стане дрвенесто. Вистинското време за берба е кога листовите ќе паднат на земја. Наводнувањето треба да се прекине две или три недели пред бербата.

    За време на бербата треба да се внимава да се бере младото цвекло без оштетувања. Оштетувањето доведува до губење на сокот и е влезна врата за многу микроорганизми кои предизвикуваат расипување.

    Жетва во суво време

    Влажното време ги отежнува бербата и чистењето. Цвеклото добро исчистете го, коренот не смее да се скрши, а стебленцата од листовите да се скратат на 1 до 1,5 см. Оптималната температура за складирање на цвекло е помеѓу 0 и 10ºC. Може да се чува до 20 дена во фрижидер во перфорирани најлонски кеси.

    Цвеклото најдобро се чува на температура од 0 до 2ºC и влажност од 90 до 95%.

    agrounik

    Обликот влијае на можноста за складирање на цвекло

    Плоснатото цвекло се чува послабо од кружните и цилиндричните сорти.

    На способноста за складирање на цвекло влијае и плодоредот. Добри предкултури за се зелка, краставица, грав. Лоши се компирите, доматите и кромидот. Доматите и компирот влијаат на појавата на некроза, а со тоа и на можноста за складирање.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во домашни услови, цвекло и друг коренест зеленчук може да се чуваат заедно со компирите. Цвеклото може да се чува на големо, во дрвени гајби, кутии, контејнери. Не смее да се чува во слој подебел од 1 m. На дебелината на слојот влијае квалитетот на воздухот во просторијата (подрумот) и неговата циркулација. Може да се чува во перфорирани кеси, тресет, песок или струготини.

    Цвеклото може да се чува и во градината, без да се вади од земја. Овој тип на складирање се препорачува за области со поблага клима. Треба да биде покриено со слој од слама или сено за да се заштити од смрзнување.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img