Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро советиКако да се спречи ‘ртење на компирите

    Како да се спречи ‘ртење на компирите

    petel baner

    Доколку имате поголема количина на компири многу често се случува тие да проникнат.

    Сепак, можете да го забавите тој процес и да спречите никнување на компирот.

    Компирот кој не е третиран со некои препарати и кој е складиран на температура поголема од 4-6 степени многу брзо ќе почне да ‘рти. Поради тоа тој ја губи цврстината.

    Проблем во тоа е што из’ртениот никулец содржи поголема или помала количина на отровен соланин и други горки материи.

    Компирите кои имаат кратки никулци (до еден сантиметар) по лупењето и сечење на проникнатите места можат да се јадат безбедно. Компирите со долги и светли никулци не е добро да се јадат.

    Освен условите за складирање, склоноста на компирот кон ‘ртење зависи и од сортата: за подолго чување одговараат само средни и доцни сорти.

    За да компирот ви трае подолго, вадете го од земја дури кога ќе биде сосема созреан.

    Agrobot

    Исто така, најдобро е да го чувате на темно, суво и постудено место (но внимавајте да не биде премногу студено, за компирот да не замрзне).

    Никогаш немојте да го миете пред складирање, туку само со рацете можете да ја отстраните земјата и нечистотијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Компирот би требало да се чува што подалеку од извор на сонце. Дури и кога компирот ќе ви омекне можете да го употребите. Ставете го во ладна вода на два часа да зацврсне и ќе имате подобар вкус.

    Ако компирот кој го варите е стар потребно е во водата во која се вари да додадете малку шеќер. Зелените делови од компирот секогаш треба да ги отстраните.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img