Зошто некои кучиња јадат трева? – Ќе видите многу кучиња како јадат трева. Тоа е наследство кое кучињата го сочувале од своите предци како волкот и лисицата кои ги јаделе се што можеле да најдат.
Бидејќи овие животни биле главно тревопасни животни, тие, хранејќи се со оваа храна, јаделе и поголема количина на растенија. Значи, кучињата кои јадат трева го јадат она што всушност би го изеле под природни услови, но во малку поинаква форма.
Друго објаснување е дека кучињата често повраќаат откако ќе консумираат трева. Имено, некои кучиња имаат проблеми со стомакот, па со јадење трева си ги олеснуваат маките. Тие може да имаат чувствителен стомак и може да имаат паразити или да немаат одредени дигестивни ензими.
Некои кучиња, од друга страна, едноставно сакаат да јадат трева.
Добро е да се знае дека јадењето трева не е невообичаена појава. Не е загрижувачки доколку кучето не ја јаде во големи количини. Ако покрај тревата јаде и низа други работи кои не се јадат, посетете го ветеринарот бидејќи може да се работи за нарушување во однесувањето.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.