Млекото со поминат рок не треба веднаш го фрлате, туку можете да го искористите доколку имате растенија во вашиот стан или двор.
Млекото со поминат рок е всушност богато со амино киселини, ензими и протеини кои го поттикнуваат растот на корисни микроби во градината. Покрај тоа, содржи и калциум, витамин Б и други протеини кои се корисни за растенијата. Затоа можете да го користите како природно и органско ѓубриво.
Меѓутоа, можете да го користите и како пестицид. Всушност, млекото помага во борбата против вирусите кои ги напаѓаат лисјата, лисните вошки, габичните заболувања и слично.
Млекото содржи елементи кои влијаат на изградбата на ѕидовите на растителните клетки – на тој начин е можно полесно впивање на хранливите материи и балансирање на pH вредноста на почвата. Калциумот во млекото може да им помогне на растенијата да растат побрзо и да ги заштити од гниење.
Ако се прашувате на кои видови растенија најмногу им годи прихрана со млеко, тоа се англиски бршлен, бегонијата и африканската темјанушка. Добар избор е за заштита на зеленчукот, како што се тиквичките и доматите, особено ако ги одгледувате во градината.
Млекото со поминат рок ги задржува речиси сите свои корисни својства. Покрај кравјо, можете да користите и млеко од соја и бадемово млеко. Избегнувајте полномасно млеко, ароматизирано или со додаден шеќер.
Бидете внимателни: не претерувајте со количината на млеко! Премногу млеко може да има контраефекти.
Се препорачува млекото да се раствори со вода, при што соодносот на течноста треба да биде 50:50. Ставете го растворот во шише со распрскувач и испрскајте ги листовите и почвата. Ако по половина час на листовите останат траги од млеко, избришете ги со крпа.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.