Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

16.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаАгро ВестиЗа една деценија ЕУ загубила 145 милијарди евра поради климатските промени

    За една деценија ЕУ загубила 145 милијарди евра поради климатските промени

    petel baner

    Економските загуби поради климатските промени се бележат веќе 30 години. За една деценија покажуваат јасен тренд на раст од 2 отсто годишно.

    Дека климатските промени предизвикуваат екстремни временски услови, доказ е сушната 2022 година, која глобално доведе до големи загуби во земјоделството. Покрај сушата, сè почесто сме сведоци на поплави, бури, град и топлотни бранови. За само една деценија предизвикаа економски загуби од 145 милијарди евра во Европската унија, соопшти Евростат. 

    Agrobot

    Раст од 2 отсто годишно

    Тие се присутни 30 години, а во последната деценија покажуваат јасен тренд на раст од 2 отсто годишно. 

    една деценија

    Во 2020 година тие изнесуваат 12 милијарди евра, а најголема вкупна загуба е забележана во 2017 година (27,9 милијарди евра), како резултат на топлотните бранови кои ја пресушија земјата и доведоа до големи шумски пожари. Најмалата вкупна загуба е забележана во 2012 година (3,7 милијарди евра). 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Грција во најтешка ситуација

    Во 2020 година тие изнесуваа 27 евра по жител на ЕУ. Земја-членка со најголема економска загуба по жител (речиси три пати поголема од просекот на ЕУ) беше Грција (91 евро по глава на жител), а потоа следат Франција (62 евра) и Ирска (42 евра). Најниски се забележани во Бугарија (0,7 по глава на жител), Словенија и Словачка (4 евра).

    Економските загуби поврзани со климата се еден од показателите во интерактивната визуелизација креирана од Еуростат, покажувајќи релевантни статистички податоци поврзани со Европскиот зелен договор. Оваа алатка дава преглед на 26 индикатори поделени во три главни теми: намалување на нашето влијание врз климата, заштита на планетата и здравјето и овозможување зелена и правична транзиција. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img