Ако сте љубители на костени подгответе го овој идеален десерт во есенските денови.
Доколку никогаш до сега не сте пробале пире од костени, ова е идеалниот рецепт за вас.
Потребни состојки:
- 1 кг костени
- 1 лажица шеќер
- 100 гр путер
- половина шолја топло млеко
- арома по желба
- шеќер во прав
- шлаг
- чоколадо
Подготовка:
Костените засечете ги и варете ги околу 20тина минути во засладена вода. Откако ќе се сварат, излупете ги. Добиената смеса испасирајте ја, додадете топло млеко, арома и растопен путер.
По вкус додадете шеќер, во зависност од тоа колку се слатки костените. Сето тоа добро измешајте го и распоредете го во соодветни садови.
За декорација искористете го шлагот, чоколадото и шеќерот во прав. По желба, можете и да растопите чоколадо и да го додадете во самата смеса.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.