Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиНов предлог модел за субвенционирање во земјоделството

    Нов предлог модел за субвенционирање во земјоделството

    petel baner

    Пред земјоделците од Тиквешкиот регион беше презентиран новиот предлог модел за субвенционирање во земјоделството.

    Преку Агро советот и потсекторските групи на Министерството новиот предлог модел за субвенционирање беше криеран заедно со земјоделците.

    Предлог новиот модел за субвенционирање дава решение за сите досегашни проблеми кои ги имаше досегашниот систем за субвенционирање. Новиот модел ќе биде побрз и поефикасен, а поддршката е насочена кон вистинскиот земјоделец, чија основна дејност е земјоделството.

    Otkup na kompiri

    Не се крати ништо од досегашната поддршка која ја добиваа земјоделците. Туку се зголемува и реорганизира во повеќе програми кој ќе дадат поголема ефикасност.

    Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство се заменува со нов decoupling систем. Каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство.

    Новиот предлог модел ги става сите чинители во еден организиран систем и ја намалува можноста за плаќање во готово спречувајќи ја сивата економија.

    Систем кој има зголемен обем на контроли и систем кој гарантира поголемо производство на домашна храна.

    agrounik

    Сите земјоделци би добивале основна субвенција која авасно би се исплаќања во висина од 30% од сумата. Ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и 70% дополнителни субвенции кои се врзани со принос. Но, и предавање во регистрирани капацитети.

    Тоа значи дека земјоделците кои произведуваат стратешки значајни култури и производи. Користат сертифицирано семе и своето производство ќе го предадат во регистрирани домашни капацитети. Или производството ќе го искористат за сопствени потреби создавајќи финален производ. Ќе имаат можност да ги добијат овие дополнителни субвецнии за остварен принос.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Оваа мерка ќе биде отворена цела година преку Програмата за рурален развој и која на земјоделците им дава можност сами да одлучат во што ќе инвестираат.

    – Поракај програмата за Рурален развој на располагање е и новата ИПАРД 3 програма. Каде на располагање има 210 милиони евра средства наменети за инвестиции во наредните 7 години. Она што е ново кај оваа програма е што обезбедува можност и за авансна исплата на 50 отсто од поддршката. А се олеснува и прагот за минимум прифатливите трошоци по проект за мерките 1, 3 и 7 од ИПАРД 3 прогамата, напомена директорот на АФПЗРР.

    МЗШВ информира дека оваа година преку заеднички дијалог меѓу лозарите и откупувачите е постигната добра и рекордна откупна цена на грозјето. А поддршка во извозот на македонското вино преку Интервентната програма беше обезбедена и за винариите. Со новиот предлог модел за субвенционирање на лозарите, пак, покрај основите субвенции, како дополнителна субвенција се утврдува поддршката за винското и трпезно грозје.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img