Секогаш вкусен прилог за зимата – Туршија од карфиол се подготвува лесно и брзо. Во продолжние потребните состојки и подготовка.
Состојки:
- карфиол – 1/2 глава
- вода – 2 чаши
- јаболков оцет – 1 чаша
- шеќер – 1 чаша
- Хималајска сол – 4 лажици
- тегли – 4-5 парчиња
Подготовка:
Најпрво го подготвуваме растворот, за да има време да се стопи – така што во бокал истураме 1 шолја јаболков оцет, 2 шолји вода, бел шеќер и 4 лажици хималајска сол и мешаме.
Теглите ги миеме, ги редиме една до друга и сиот карфиол густо го распоредуваме до врвот, карфиолот е претходно измиен и искинат на мали цветчиња.
Исто така, важно е да нема црни точки или темни дамки на главите, за тоа да не доведе до процес на гниење.
Истурете го растворот до врвот, непосредно пред отворот на прстенот на теглата и цврсто затворете го.
Добро би било често да ги протресуваме теглите и така после 3-4 недели да добиеме божествена туршија – само од карфиол – без стерилизација!
Здравиот и многу вкусен кисела карфиол одлично се вклопува со зимските јадења!
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.