Бербата на дуњи трае во текот на септември и до крајот на октомври, а времето на берба директно влијае на квалитетот на плодовите.
Исто така, многу е важно како се берат дуњите бидејќи неправилното берење може да го намали родот следната година.
Предвременото берење на дуњата може да предизвика големо губење на тежината и квалитетот на плодовите. Доколку се одложи бербата, постои ризик од прекумерно опаѓање на плодовите и појава на болести при складирањето кои предизвикуваат гниење на плодовите.
Одредувањето на времето за берење на дуњата многу зависи од намената на плодот, односно дали ќе се користи за консумација или за индустриска преработка.
Постојат две нивоа на зрелост – физиолошка или ботаничка и целосна или конзумна зрелост.
Физиолошката или ботаничката зрелост на плодовите на дуњата може да се одреди на неколку начини. Притоа, обично се зема бројот на денови од целосното цветање до престанување на растот, односно до бербата. Потребни се 120 до 150 дена за да се развие плодот. Дека е време за берба во физиолошка зрелост укажуваат два сигурни показатели: плодовите лесно се одвојуваат од гранките и се жолти.
Плодовите на дуњата, наменети за преработка, се берат во конзумно-технолошка зрелост. Тие се целосно, односно технолошки зрели кога добиваат најдобар вкус и мирис, како и карактеристичната боја за одредена сорта.
За уште посигурно да се одреди оваа зрелост, најчесто се користи оптички мерен инструмент, рефрактометар. Овој уред се користи за одредување на содржината на шеќер во овошјето. А може да се користи практично за сите видови овошје.
Содржината на шеќер е прикажана во единици брих. Еден брих е еднаков на 1 процент шеќер. Со ова мерење, производителот е сигурен дека финалниот производ ќе биде со висок квалитет.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.