Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

26.8 C
Skopje
Friday, July 19, 2024

More
    домаАгро ВестиПочна распределбата на картички за зелена нафта во Струмица и Велес

    Почна распределбата на картички за зелена нафта во Струмица и Велес

    petel baner

    Во Подрачната едница (ПЕ) на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Струмица почна распределбата на картичките за зелена нафта.

    Земјоделците своите картички за зелена нафта може да ги подигнат од денеска (02.11.2022г. среда). Истите може да се искористат до 30.04.2023 година.

    Подигањето на картичките е исклучиво лично, со валидна лична карта или пасош.

    agrounik

    Вкупно 4800 картички за зелена нафта се наменети за земјоделците во општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево.

    Во Подрачната едница (ПЕ) на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Велес од минатата среда на земјоделците од Општина Велес, Градско и Чашка им се делат овие картички.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Пристигнати се 1 634 картички од кои дел се веќе поделени. Се очекуваат од МЗШВ уште зелени картички. За оние земјоделци што сега не се на списокот, а аплицирале за ваков вид субвенција за 2021 година.

    Земјоделците можат непречено, секој работен ден, од понеделник до петок, да ги подигнат картичките. Подигнивањето е од 09:00 до 15:00 часот во Подрачната единица. Од таму појаснуваат дека финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои земјоделците аплицирале за субвенции во 2021 година.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img