Продажбата на месо на пазарот секогаш се зголемува за време на прослави и празници, како и при подготовка на месо за сушење. Тешко е да се биде сигурен дека месото, само затоа што е на полиците на супермаркет или месар, ги поминало пропишаните контроли. Исто така, тешко е да се тврди дека е во исто време свежо, односно дека не е расипано. Пред да одите на шопинг, прегледајте го најлесниот начин да го идентификувате расипано месо.
Кога купувате свинско месо , прво мора да бидете сигурни дека месото е проверено за присуство на трихинела, бидејќи трихинелозата е болест која може да се пренесе на луѓето преку свинско месо и да остави трајни последици.
Луѓето кои не постат или слават “дебели”мрсни” празници најчесто подготвуваат месо, па никако не е на одмет да се потсетиме кои се параметрите по кои можете да препознаете дали купувате расипано месо или свежо?
Без оглед на приликата за која купувате и за кое месо станува збор, безбедноста и квалитетот на месото секогаш мора да бидат на прво место.
Старо увозно месо на пазарот
Контролите на квалитетот на месото се редовни, но не и детални. Значи има многу „црни дупки“ во прописите кои често дозволуваат старото увозно месо без проблем да се пласира на пазарот.
Декларации
Како и при купување на кој било друг производ, декларацијата е првото нешто на кое внимаваме при купувањето месо.
Затоа, пред сè, треба да ја погледнете декларацијата за месото, ако е на него (во продавниците се зема здраво за готово, за разлика од месарниците). Секако побезбедно е да се земе домашно месо, кое често е поскапо, но со добра причина. Со купување на домашно месо ги намалувате шансите месото да е старо.
Согласно Правилникот за декларирање, означување и рекламирање на храна за месо и месни производи, се предвидува дека декларацијата покрај името на производот мора да содржи и информации за присуство на додадена вода, доколку додадената вода сочинува повеќе од 5% од тежината на готовиот производ и не е технолошки оправдан. Доколку се користат дополнителни протеини за време на производството, тие исто така мора да бидат наведени на декларацијата.
Бојата како основен показател за свежина
Бојата на месото е основниот тест со кој може да се открие дали е расипано без разлика што не е поминат наведениот рок на употреба. Треба да се има на ум нормалната боја на месото.
Свинско месо
Повеќето луѓе мислат дека квалитетното месо има светло црвена боја. Сепак, ова не е неговата природна боја, туку резултат на изложеност на светлина и воздух. Ако меленото месо е спакувано во вакуум, неговата боја треба да биде виолетово-црвеникава. Месото со потемна боја покажува дека се работи за постаро животно. Сепак, тоа не значи дека се работи за расипано месо. Генерално, црвената боја се поврзува со тоа што месото е постаро.
Во совршени услови, свинското месо треба да има розово-сива боја. Месото никогаш не смее да биде лепливо.
Пилешко месо
Кога го прегледувате пилешкото, обрнете внимание на деловите околу коските. Тие делови не смеат да бидат потемни, а градната коска треба да биде еластична.
Месото од живина се движи од синкаво-бело до жолтеникаво. Свежото пилешко најдобро може да го препознаете по посветлата боја и неутралниот мирис.
Говедско месо
Говедското месо, од друга страна, е природно црвеникаво и цврсто по текстура. Овој тип на месо треба да биде испрекинато со тенки, не широки вени. Жолтите масни вени покажуваат дека животното било постаро. Ако забележите сивкави или црни делови на говедското месо – не купувајте го месото!
Ова правило треба да се почитува без разлика дали купувате говедски стекови, поголеми парчиња месо или некој друг посебен дел од говедско месо. Кај меленото месо најголема е можноста за измама. Поради оваа причина, најдобро е да побарате од месарот да го сомеле месото пред вас.
Јагнешко
Во случај на јагнешко месо, месото треба да има светло розова боја, а текстурата да биде цврста како говедско месо. Треба да се водите и од стандардниот мирис на јагнешкото. Ако јагнето било замрзнато, тогаш мирисот е намален или непостоечки.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.