Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиНов проект финансиран од ЕУ за консолидација на земјиштето

    Нов проект финансиран од ЕУ за консолидација на земјиштето

    petel baner

    Новиот проект „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Македонија“ ќе биде промоворан денеска (03.11.2022) од страна на ЕУ и ФАО.

    Ќе бидат презентирани и резултатите од проектот „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“ (МАИНЛАНД).

    Проектот вреден 1,2 милиона евра, ќе се реализира во период од 42 месеца, до јануари 2026 година.

    Otkup na kompiri

    Краток преглед на целите и очекуваните резултати од новиот проект ќе даде Мортен Хартвигсен, службеник за управување со земјиште од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија. За резултатите од МАИНЛАНД ќе зборуваат Кристина Митиќ Арсова, национален тим лидер на проектот и Кирил Георгиевски, раководител на Секторот за консолидација на земјиште при МЗШВ.

    На настанот ќе присуствуваат претставници од клучните национални институции, агенции и јавни претпријатија, земјоделци и земјоделски организации, земјоделски задруги, граѓанското општество и академска заедница.

    agrounik

    Новиот проект, финансиран од Европската Унија, ќе се фокусира на подобрување на националната политика, институционалната и регулаторната рамка за консолидација на земјиштето. Вклучително и подготовка на нова национална стратегија за консолидација на земјиштето за периодот 2022-2030 година со акциски план. Како и целосно спроведување на проекти за консолидација на земјиште во две консолидациони подрачја – Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево), во комбинација со изградба на земјоделска инфраструктура.

    Надоврзувајќи се директно на резултатите од проектот МАИНЛАНД, овој проект има за цел да го поддржи МЗШВ во унапредување консолидацијата на земјиштето во Македонија. Преку подобрување на националната политика за консолидација на земјиштето, вклучително стратешката, правната и институционалната рамка. Како и во понатамошна имплементацијата на Националната Програма за консолидација на земјиштето. Пеку целосно спроведување на проекти за консолидација во две подрачја, заедно со изградба на земјоделска инфраструктура. Проектот е финансиран со еден милион евра преку ЕУ ИПА 2 Инструментот и со придонес на ФАО од 0,2 милиона евра.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Проектот МАИНЛАНД, вреден 2,86 милиони евра, беше финансиран од ЕУ (2.5 милиони евра) и кофинансиран од ФАО (0,36 милиони евра). Се спроведуваше 68 месеци, од март 2017 до ноември 2022 година, во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Главната цел беше да се реши проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште за да се зголеми конкурентноста на производството. Да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img