Четвртиот „Пчеларски саем на Македонија” ќе се оджи од денеска до недела на плоштадот „Македонија” во Скопје.
На овој пчеларски саем се очекува пчелари од целата држава да ги презентираат своите пчелни производи.
На поставените штандови на плоштадот „Македонија“ ќе бидат изложени мед и пчелни производи од цела држава, како и пчеларска опрема.
Покровител на настанот е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин Град Скопје.
Настанот е во организација на Пчеларската федерација на Македонија.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.