Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ВестиСтабилни цени на храната во светот

    Стабилни цени на храната во светот

    Цените на храната во светот останаа во голема мера стабилни во октомври. При што зголемувањето на цените на житариците беше неутрализирано со падот на цените на другите основни производи.

    Ова го покажува новиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

    Референтниот индекс на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на цените за пет прехранбени производи со кои се тргува на глобално ниво, во октомври во просек изнесуваше 135,9 поени, што е маргинално под нивото во септември.

    Споредено со рекордното ниво забележано во март 2022 година, меѓународните цени на храната се пониски за 14,9 отсто, додека во однос на октомври минатата година се повисоки за 2,0 отсто, се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на ФАО, пренесува Танјуг.

    Цените на житата се зголемија за 3,0 отсто на месечно ниво.

    Пченицата поскапе за 3,2 отсто, главно поради неизвесноста околу Црноморската иницијатива за жито и надолната ревизија на залихите во САД.

    Меѓународните цени на грубото жито зајакнаа за 3,5 отсто од септември. При што цените на пченката дополнително се зголемија поради намалените производствени изгледи во САД и Европската унија. Како и условите за суво садење во Аргентина и неизвесноста околу извозот од Украина.

    Светските цени на оризот пораснаа за 1,0 отсто.

    Растителните масла поевтинија за 1,6 отсто во октомври и за речиси 20 отсто во однос на октомври лани.

    Падот на цените на маслото од палма, соја и семе од репка го компензира растот на квотите за сончогледово масло.

    Меѓународните цени на млечните производи паднаа во октомври за 1,7 отсто во однос на септември. Поради помалите од очекуваните кинески набавки, слабата глобална побарувачка за увоз и слабеењето на еврото во однос на американскиот долар.

    Цените на месото исто така потонаа за 1,4 отсто во октомври во однос на претходниот месец. При што меѓународните цени на овчо, свинско, говедско и живина паднаа главно поради намалената глобална побарувачка за увоз и зголемената извозна понуда.

    Октомвриските цени на шеќерот на глобалните пазари се лизнаа за 0,6 отсто, под влијание на подобрените изгледи за производство во Индија.

    Повисоките цени на шеќерот беа ограничени од фактори како што се дождовите што го попречуваат напредокот на жетвата во Бразил. Како и силната побарувачка за увоз од Индонезија и Кина и зголемените цени на етанолот во Бразил.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img