домаАгро ЗабаваРецепт: Домашна витаминска чорба

Рецепт: Домашна витаминска чорба

Prokredit baner

Во зима зеленчукот и овошјето секако треба секојдневно да бидат задолжителни во оброците, но исто така и супите, топлите домашни подготвени и неверојатно вкусни супи и чорби треба да се присутни секојдневно на трпезата. 

Чорба и супа се јадења кои изобилуваат со витамини и минерали. Внатрешно го затоплуваат и подгреваат организмот, многу успешно се справуваат со настинките и грипот и во голема мера го зголемуваат имунитетот.

Причини за тоа зошто е толку многу важно да се консумираат супи и чорби во зима има многу, но погоре спомнатите нека бидат доволни за да ве мотивираат уште денес да одлучите да подготвите некоја вкусна домашна чорба.

Семенарна хоризонтален банер

Ова е нашиот предлог за топла, здрава и вкусна чорба.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Состојки:

Тигар лого гиф

еден среден цвет карфиол
еден среден цвет брокула
2 – 3 моркови
еден компир

корен од целер, пашканат
една топка фиде
една коцка за супа
зачини по вкус: црн бибер, мешан сув зеленчук, кари, куркума, лук во прав, магдонос…

Petel.mk
Подготовка:

Во поголем длабок сад ставете 1 до 2 литри вода во зависност од тоа колкава количина чорба сакате да добиете. Оставете ја водата да зоврие. 
Во меѓувреме морковите и компирот излупете ги и изрендајте ги на најситната страна од рендето и ставете ги во зовриената вода. 
Брокулата и карфиолот убаво измијте ги и одделете ги на ситни светови. Стебленцата исечкајте ги на ситни коцки и додајте ги во зовриената вода. Оставете ја чорбата некое време да се вари на тивок оган и кога ќе почне да врие, додајте ги коцката за супа и фидето. Промешајте и оставете додека фидето не се свари. 
Пред да се тргне чорбата од оган додајте ги зачините, промешајте уште еднаш и оставете ја чорбата на исклучен шпорет да поврие уште некоја минута.

Чорбата послужете ја топла и уживајте во нејзиниот вкус. На здравје!

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img