Вода од коријандер – одличен за чистење на телото од токсини и тешки метали. Полн е со антиоксиданси, помага во зајакнување на имунитетот, ги олеснува проблемите со надуеност и задржување на течности во организмот.
Коријандерот е лековито растение, кое често се наоѓа во супи, салати и други јадења. Неговите придобивки за човечкото тело се познати со илјадници години кај многу народи, вклучително и во традиционалната индиска медицина.
Овде доаѓа до израз вода од коријандер – традиционален тоник кој се добива со варење или натопување на семките во вода. Коријандерот е одличен за чистење на телото од токсини и тешки метали. Полн е со антиоксиданси, вклучително и витамините Ц, А и К, кои имаат антиинфламаторни својства, помагаат во зајакнувањето на имунитетот, го одржуваат микробиомот во цревата на оптимално ниво… Покрај тоа, помага во слабеење и исфрлање на вишокот течности од телото.
Се вели дека е добар и како афродизијак. Може да се користи свеж во јадења, сушен, а особено добри се неговите семки.
Рецепт за вода од коријандер
- Во стаклено шише ставете 1 лажица семе од коријандер.
- Наполнете го до врвот со вода.
- Оставете го во фрижидер преку ноќ за да се впие добро семето.
- Водата од коријандер е подготвена за пиење кога ќе добие кафеава боја.
- Процедете ja од семките и уживајте.
Овој пијалок е особено добар за пиење наутро, одличен е за варење.
Чај од семки од коријандер
Во 3 литри топла вода ставете една лажица сечкани семки, оставете половина час, процедете и испијте.
Овој чај е одличен за стимулирање на цревата, па затоа е добро да се пие наутро. Покрај тоа, помага и при надуеност и прекумерна акумулација на течности во телото.
Пијалок направен од мелени семиња
Една лажичка мелени семки (можете да ги истолчите) прелијте со 200 мл топла вода и оставете да отстои преку ноќ. Процедете и пијте во текот на денот така што ќе го делите на три дела и ќе го пиете во интервали.
Овој напиток помага при стомачни проблеми, лошо варење, дијареа, грчеви, гасови, па дури и хемороиди.
Чај од лист од коријандер
Листовите исечкајте ги за да добиете две лажици и прелијте ги со 250 мл топла вода, оставете да отстои малку, процедете и пијте во текот на денот. Овој чај е особено добар за ублажување на симптомите на алергија.
Чај за слабеење
Сварете пет чаши вода и додадете половина лажичка анасон, половина лажичка ким, половина лажичка коријандер, парче (1,5 см) свеж ѓумбир. Гответе поклопено на тивок оган околу пет минути. Процедете и ставете во термос.
Пијте во текот на денот во мали голтки, почнувајќи од утрото. Тоа ќе ви помогне да изгубите тежина.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.