Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022

More
    домаАгро ВестиЛебот е основна храна за глупавите општества, рекол уапсениот турски пекар

    Лебот е основна храна за глупавите општества, рекол уапсениот турски пекар

    Обвинението за турски пекар беше продолжено за навреда на претседателот Ердоган. Џихан Коливар е во затвор во очекување на судењето.

    Во Турција, претседателот на синдикатот на производители на леб, Џихан Коливар, беше уапсен. Тој, како  што објаснува turkey.postsen, јавно ја навреди турската нација и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

    Имено, зборувајќи за поскапувањето на лебот и инфлацијата, Коливар во интервју за една телевизиска куќа изјави дека „глупавата“ наклонетост на општеството кон лебот објаснува зошто народот избира владеење на претседателот Ердоган цели две децении.

    Тој изјави дека лебот е  основна храна за глупавите општества. Потрошувачката по глава на жител е 210 кг во Турција, а од 45 до 50 кг во Шведска, Норвешка, Данска, Англија, Јапонија.

    „ Откако нашето општество се храни со леб, таквите владетели владеат со него веќе 20 години “, вели овој пекар. 

    Тој беше уапсен под обвинение за навреда на турскиот народ, државата, институциите и државните органи и му беше одредена мерка притвор до судењето. Обвинението беше проширено со навреда на претседателот врз основа на критички ставови што тој претходно ги објави на социјалните мрежи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img