Јадете свежи јагоди во текот на целата година и во зима. Во продолжение ви претставуваме рецепт без готвење и без хемикалии.
Јагодата (лат. Fragaria) е повеќегодишно тревесто растение од семејството рози. Поради неговата форма во облик на срце и светло црвена боја, старите Римјани верувале дека има афродизијачки својства, иако тоа никогаш не било докажано од науката. Одлично се комбинираат со чоколадо и шампањ, бидејќи го подобруваат вкусот на ова пенливо вино.
Овошјето се состои од 60 отсто вода и околу 12 отсто шеќер, тие се богати со витамин Ц, па една порција од ова овошје на организмот му обезбедува 140 отсто од потребниот витамин Ц во текот на денот. Богати се со влакна, витамин А и железо, па ги зајакнуваат артериите и надбубрежните жлезди. Верувале или не, само осум јагоди имаат повеќе витамин Ц од еден портокал. Јагодите содржат голема количина на природна форма на фолна киселина, која е важна состојка во формирањето на крвта и учествува во метаболизмот на амино киселините.
Ви носиме рецепт како да зачувате свежи јагоди во текот на целата година без замрзнување, без готвење, без конзерванси.
Лесна, брза и едноставна подготовка на свежи јагоди
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото:
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK